Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Доделени дипломите на матурантите

Доделени дипломите на матурантите

Сподели

Со пригодна свеченост, традиционално во дворот на средното училиште „Св. Климент Охридски“, синоќа, беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2017/18.

 

Вам, матурантите сакам да Ви порачам, дека најубавите моменти во животот не ви завршуваат тука, иако знам дека сте поминале многу убави моменти во оваа зграда, бидејќи и во иднина ви претстојат убави моменти. Чекорејќи цврсто напред ќе постигнувате успеси со кои ќе се гордеете. Од Вас, градот и државата, очекуваат многу, очекуваме овој град да го направите уште подобар, оваа наша држава една и единствена да ја направите најубава. Да знаете дека тоа Ви е должност, заради тоа што оваа држава и овој град 18 години се грижеле за Вас, 18 години вложувале во Вас и Ваша должност е да се вратите во овој град и оваа држава, да придонесите да бидат уште поубави, затоа што само така можеме да одиме напред, рече градоначалникот Стојаноски.

Директорката на средното училиште „Св. Климент Охридски“, Весна Цветкоска, им порача гордо да чекорат напред, ко освојувањето на новите предизвици што ќе ги направат горди и нив и нивното опкружување.

Манифестацијата беше збогатена со музичко забавна програма подготвена и изведена од матурантите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK