Пет08232019

Последна промена05:13:16 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Општина Охрид:Со секојдневните прес конференции сакаат да „купат“ медиумско внимание

Општина Охрид:Со секојдневните прес конференции сакаат да „купат“ медиумско внимание

Сподели

Општина Охрид со соопштение реагира на нападите изречени од општинската ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението од локалната стои:Викендов охридската јавност беше сведок на уште еден обид за оцрнување на работата на централната и локалната власт од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Со секојдневните прес конференции сакаат да „купат“ медиумско внимание и да направат обид за релативизирање на работите, насочување на вниманието на граѓаните кон одредени теми, прикажуваат единство, без притоа да се свесни дека зборуваат за проблеми кои во најголем дел ги креирале или биле дел од нивната креација.Во интерес на правилно информирање на граѓаните, ќе посочиме само на фактите и ќе ги оставиме да зборуваат.
Линијата на компанијата WizzAir за Лутон, Лондон од охридскиот аеродром, од нејзиното воведување, никогаш не беше редовна, преку цела година, туку само сезонска - во периодот од април до октомври. Така е и оваа година, односно оваа сезона... што значи се' е исто и ништо не се менува.
Што се однесува до автопатот до Кичево - најдобро е од ВМРО-ДПМНЕ прво да кажат зошто неговата изградба ќе биде пролонгирана, не за 4, туку за 2 години.
1. Не постои друг автопат во светот што е проектиран без клучки (надвозници и подвозници);
2. Поединечните проектирани траси во реалноста се целосно неповрзливи;
3. На многу места воопшто не се завршени активностите околу експропријација на земјиштето;
4. Затоа што воопшто не е вршена геолошка анализа на почвата каде што треба да бидат изградени сообраќајните инфраструктурни елементи и
5. Затоа што единствената важна работа за поранешната власт на ДПМНЕ била да се земат кинеските провизии и да се украдат народните пари, а не да се направи функционален автопат.
За работата на тие „некои јавни претпријатија“ за кои зборувате, граѓаните добро знаат како ја вршат работата. Доказ за тоа е начинот на кој се справија вработените со последиците од неодамнешното невреме кое го погоди градот. Додека вие пишувавте соопштенија како ништо не се направило, екипите беа на терен 24 часа и во 3 смени се санираа последиците од невремето проследено со врнежи од дожд, град и ветер што во петокот го зафати Охрид. Сите физички и правните лица уште истата вечер ги пријавуваа штетите во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195. Пријавувањето уште трае и може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и во Општинскиот услужен центар, во архива на Општина Охрид. Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопии од лична карта и трансакциска сметка, имотен лист, како и фотографии од штетите, доколку ги поседуваат.
Начинот на кој се пристапува кон промоцијата на градот е поинаков од истурање на милионски суми во „празно“. Модерното време бара нови и иновативни начини на комуникација и испраќање на пораките. Доказ дека тоа функционира се секогаш бројките. Република Македонија годинава ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе направат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди и денари (390 милиони евра). Ова се официјални бројки од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за годинава. Дека расте интересот на странците за Македонија, покажува и растот од 26,5 проценти на девизниот прилив од туризмот само во првиот квартал годинава споредено со истиот период лани. Од јануари до јуни годинава веќе се регистрирани над 923 илјади ноќевања на над 433 илјади туристи, што е раст од 16,4 отсто по бројот на туристи. Лани во земјава дошле речиси еден милион странски туристи, со 2,8 милиони ноќевања. Најпосетувани се охридскиот и скопскиот регион.Ова се фактите почитувани, а пред нив знаете кој се` молчи, се вели во реакцијата на одделението за односи со јавноста од општина Охрид а по повод прес конференцијата од ВМРО - ДПМНЕ.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK