Здружени фалсификувале документи за „Голф“
- Детали
- Објавено на Среда, 22 Август 2018 18:52
Двајца охриѓани и еден октишанец сториле фалс документи за „Голф“.
Надоврешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Џ.(47) и В.Б.(34), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“и против Н.Д.(44) од село Октиси, за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во текот на декември 2012 година Џ.Ш.(50) од село Октиси кој бил на привремена работа во Швајцарија, контактирал со третопријавениот во врска со постапката за регистрација во Р. Македонија на патничко возило „Волксваген Голф“од Швајцарија, по што Н.Д. му побарал фотокопија од сообраќајната дозвола и иако знаел дека возилото не ги исполнува условите за регистрација во Р.Македонија контактирал со В.Б. вработен во „Сури Шпед ДООЕЛ“ и му ја доставил фотокопијата од сообраќајната дозвола од возилото. По ова, набавиле фалсификувана сообраќајна дозвола и царинска декларација на име А.Н. и истата ја употребиле во Биро за метрологија за отварање на постапката за идентификација на возилото. Комплетната докуметација и возилото второпријавениот му ги предал на третопријавениот исплаќајќи му парични средства во повисок износ од паричните средства потребни за постапка и документација обезбедена во законски рамки, по што целокупната документација прибавена со фалсификувани јавни исправи, Н.Д. ја употребил во прилог на барањето за регистрација на предметното возило во МВР Струга во име на Џ.Ш.