Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Пензионерка од Струга прво место во шах

Пензионерка од Струга прво место во шах

Сподели

На 23-те Републички пензионерски спортски натпревари на ЗП на Македонија,шахистката од Струга во силна конкуренција,помеѓу шахистките од здруженијата на Центар и Карпош од Скопје,Прилеп,Велес,Куманово Струмица,Македонски Брод,стружанката Шенка Балтоска,член на ЗП Струга го освои првото место и во Струга се врати со златен медал и се пласира за натпревар на шаховската Олимпијада.


Шаховската екипа ја сочинуваа Шенка Балтоска-капитен,Чатарошкоска Надежда и Љуба Јованоска.Вистина на 23-те Републички пензионерски натпревари кои се одржаа во на 2 септември во Радовиш,победија најдобрите пензионерки шахистки од Македонија,а меѓу нив најдобар резултат постигна и освои Првот место Шанка Балтоска од Струга.
Конкуренцијата беше голема,желбата во нас уште поголема рече капитенот на екипата Балтоска и сите сме среќни што успеавме да се избориме за оваа место.
Во име на сите натпреварувачи сакам да се заблагодарам на претседателот на Здружението Милорад Трпоски,кој ни овозможи секојдневно да се припремаме ( да играме шах )во Клубот на пензионери во Струга,и слобоедно можам да кажам дека ЗП Струга е едно од најорганизираното здружение во Македонија.
Струшката пензионерска шаховска екипа –жени последниве десетина години бележи задоволителен успех благодарение на стандардните шахистки,меѓу кои предначи пензионерката Шенка Балтоска,која успешно се натпреварува во дисциплината шах,таа досега има освоено повеќе златни,сребрени и брионзени медали,а најмногу медали има добиено на регионалните спортски натпревари од четвртиот регион,каде што се вбројува меѓу најуспешните по освоени медали.
Шенка со шах почнала да се занимава уште како малечка.Така,едноставно,при првата игра со шахот како да ме привлече магично и денес не можам да се оттргнам од него.Впрочем, шахот ми прави задоволство и дава мир ,иако за многумина е тежок спорт во кој треба да се внесеш во сите негови предизвици и потези.Уште во Пробиштип ,во мојата фамилија се играше шах.Како девојка успешно настапував за екипата „Рудар“од Пробиштип.А кога се омажив во Струга 1978 година,продолжив да играм шах во шаховскиот клуб „Стево Балто“.И по пензионирањето продолжив да играм шах и настапувам за ЗП-Струга.Се додека ме држи помнењето ќе играм шах вели Балтоска.
Милорад Трпоски,претседателот на струшкото здружение за не а вели дека Балтоска им е најтрофејната спотртска-пензионерка.

Автот Стојан Кукунешоски

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK