Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Дебата за заштита на индустриската сопственост

Дебата за заштита на индустриската сопственост

Сподели

Во организација на Државниот завод за индустриска сопственост и општина Охрид, денеска се одржа средба со стопанственици од Охрид, Струга и Дебрца.

На средбата се разговраше за заштитата на правата од индустриската сопственост и нивното спроведување.На почетокот, пред учесниците се обрати градоначалникот Јован Стојаноски.

-Уверен сум дека со организирањето на вакви средби стопанствениците имаат можност директно да се запознаат со важноста на заштитата на правата од индустриската сопственост и постапките кои се спроведуваат преку Државниот завод за индустриска сопственост. 
Македонските граѓани се иновативни во однос на земјите од регионот и Европа, со кои има приближен број на население.Според официјалните податоци,бројот на пријавите за патенти на национално ниво, секоја година расте и споредено со државите од регионот е на задоволително ниво.  Сепак, домашните иноватори, поради скапите постапки, сеуште се далеку од меѓународна заштита на нивните пронајдоци.
Основната смисла на заштитата на индустриската сопственост е поттикнувањето на техничко-технолошкиот дух и воопшто на стопанскиот развој, но и уредување на конкурентните односи меѓу правните субјекти втемелени на општестено-моралните и развојно прифатливи критериуми. Во тој процес, се обезбедува правна заштита на креативниот дух и развој на сите области во економскиот развој.
Сме имале, имаме и ќе имаме врвни креативци и иноватори. Наши сограѓани добивале високи домашни и странски признаија. Ширум светот има млади охриѓани кои иновирале нано очила за хируршки зафати, работат во најпознатите генетски или комуникациски лаборатории или се професори на престижни универзитети. Во Вашие компании , почитувани стопанственици имате креативци кои ги унапредуваат бизнисите. Убеден сум дека, со заедничка упорна и посветена работа,  сите тие потенцијали ќе ги ставиме во функција на побрз економски развој на Охрид и Република Македонија-
 рече градоначалникот Јован Стојаноски .

По презентациите, се разви дебата  за надлежностите на Државниот завод за индустриска сопственост и постапките за заштита на трговска марка, индустриски дизајн и географски назив.

Државниот завод, во рамките на одбележувањето на 25- годишнината од основањето, на плоштадите во Охрид и Струга има поставено штандови, на кои граѓаните денес и утре ќе можат да се запознаат со постапките за заштита на индустриската сопственост.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK