Вто11202018

Последна промена07:59:52 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Меѓународен тренинг семинар на специјални полициски нуркачки тимови во Охрид

Меѓународен тренинг семинар на специјални полициски нуркачки тимови во Охрид

Сподели

Заврши тренинг семинарот на полициските нуркачи.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски присуствуваше на завршната церемонија и доделувањето на сертификати на Меѓународен заеднички тренинг семинар на специјални полициски нуркачки тимови. На завршната церемонија свое обраќање пред присутните учесници на семинарот имаше командантот на ЕСЗ Митко Даневски во присуство на директорот на БЈБ Тасевски и началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски.
Единицата за специјални задачи во периодот од 30-ти август до 6-ти септември 2018 година на Охридското езеро успешно реализира меѓународен заеднички тренинг семинар на специјални полициски нуркачки тимови. На семинарот покрај специјалниот полициски нуркачки тим од ЕСЗ учествуваа и нуркачки тимови од специјалните полициски единици на Хрватска, Унгарија, Србија и Црна Гора. Сите претставници успешно ги завршија задачите и мисиите на длабочина до 39 метри. По завршувањето на целата програма, сите учесници добија сертификати за учество на Меѓународен заеднички тренинг семинар на специјални полициски нуркачки тимови.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK