Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Германскиот министер за европски прашања во посета на Охрид

Германскиот министер за европски прашања во посета на Охрид

Сподели

Министерот Рот во Охрид ќе се сретне со министерот Димитров.

Државниот министер за Европа на германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Рот во Охрид ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров, по што двајцата ќе учествуваат на интерактивната дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“. Фокусот на дебатата ќе биде на придобивките од ЕУ членството во унапредувањето на заштитата на животната средина, промоцијата на политики на одржлив развој и поттикнување на граѓанскиот еко-активизам, соопшти Министерството за надворешни работи.Дебатата е организирана од Министерството за надворешни работи, и Амбасадата на Сојузна Република Германија, во соработка со општина Охрид и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. На настанот се планирани обраќања и на градоначалникот Јован Стојановски и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули.За време на престојот во Охрид, министерот Рот ќе ги разгледа поважните знаменитости на градот, а ќе го посети и Националниот парк „Галичица“

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK