Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во Охрид отворени се спортските игри на македонскиот полициски синдикат

Во Охрид отворени се спортските игри на македонскиот полициски синдикат

Сподели

Игрите ги отвори заменик министерот за внатрешни работи Нухиу.

Петнаесетите спортски игри и средби на Македонскиот полициски сидикат, свечено беа отворени денеска на спортските терени во комплексот на хотелот „ Аквалина“ . Игрите кои ќе траат до 16 месецов, ги отвори заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, а пријатен престој во Охрид на учесниците им посака градоначалникот Јован Стојаноски.
Заменик министерот Нухиу во своето обраќање рече дека оваа традиција која што ја има воспоставено Македонскиот полициски синдикат, со јасна тенденција да биде и квалитетен меѓународен спортски синдикален хепенинг, само по себе значи и комуникација, размена на искуства, меѓусебни запознавања.
-„Синдикалното организирање, без дилема, е стожерот во борбата за заштита и унапредување на работничките права. Секое општество што тежи кон развој и просперитет, е должно да го негува и поддржува синдикалниот дух. Овој начин на дејствување, преку спортското натпреварување и другарување, колку тоа навидум да изгледа второстепено, може да има свои и тоа како позитивни ефекти во квалитетното синдикално функционирање,, истакна заменик министерот Нухиу пред присутните гости и претставници на МПС, посакувајќи им убав престој во Охрид на гостите и успех на учесниците , прогласувајќи ги спортските игри за отворени.Охридскиот градоначалник со пригоден говор ги поздрави учесниците на игрите.


-Почитувани учесници на Петнаесетите спортски игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат, почитувани гости, дами и господа. Ви посакувам топло добредојде, пријатен престој во Охрид, успешни спортски игри, многу дружење и размена на професионални искуства.Вие, припадниците на полициските служби секојдневно се соочувате со многу професионални предизвици. Одговорната задача која секојдневно ја извршувате, бара добра психо-физичка подготвеност на секој поединец, а ангажирањето со спортски активности е токму оној предуслов кој треба да се практикува, за целосно да се одговори на поставените задачи. Овие спортски игри го поттикнуваат натпреварувачкиот дух, но дружењето го јакне заедништвото и тимската работа која е потребна за ефикасно справување со секојдневните професионални предизвици.Ви благодариме за Вашата определба, спортските игри да ги одржувате во Охрид, најразвиениот туристички и културен центар во Република Македонија и пошироко во регионот. Се надеваме дека покрај спортските игри, заедно со гостите од полициските синдикати од пријателските земји, ќе најдете слободно време да посетите дел од богатото културно историско богатство на древниот Охрид и да ги почувствувате ретките природни убавини, заштитени од УНЕСКО.Се надевам дека покрај постигнувањето на добри спортски резултати, ќе имате заедничките дружења, размената на искуства и соработка помеѓу полициите служби од земјите гости на овие игри. Овој начин на соработка на полициските служби, придонесува за подобрување на довербата помеѓу граѓаните од различните земји, а институциите се токму оној фактор кој треба да обезбеди сигурност на граѓаните- рече градоначалникот Стојаноски.
Годинава покрај членовите на Македонскиот полициски синдикат, учествуваат и претставници од девет полициски синдикати од други земји.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK