Вто11202018

Последна промена07:59:52 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во Охрид продолжува INSCOSES 2018

Во Охрид продолжува INSCOSES 2018

Сподели

Утре завршува 14-та Меѓународна научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2018.

На конференцијата присуствуваше и градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски. Целта на конференцијата која ќе се одржува на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид,е да се стимулираат отворени дискусии помеѓу експерти, практичари, истражувачи, научници и академијата за различни аспекти на развојот на услужниот сектор.Во фокусот на научната конференција се ставаат неколку гранки од услужниот сектор. Пред се тоа се туризмот, угостителството, осигурувањето и царината. Големо внимание се посветува на трендовите кои се јавуваат во овие услужни дејности, предвидувањата на трендовите во иднина, како да се справиме со моменталните проблеми и како да се надминат истите. Според учесниците, исклучително е важно јавноста да го осознае значењето на услужниот сектор, неопходната улога која ја има соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, локалната самоуправа заедно со локалното население, како и засегнатите фактори од приватниот сектор.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK