Чет10182018

Последна промена10:34:58 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Хорор во Охрид - повредено куче со секира

ФОТО: Хорор во Охрид - повредено куче со секира

Сподели

Вознемирувачки фотографии од едно грозоморно дело во Охрид. 

 

Утрово пронајдено е бездомно куче со тешки повреди на главата.

-„ Ова е во Охрид, сабајлево го виделе душево расцепено со секира како сето уплашено лута. Локацијата е кај егејските згради, се движело на потег накај ресторан Гурман. Замолувам некој да го лоцира поубаво и да учиниме обид да го заловиме некако, во земјава нема служби за вакви случаи па должни сме ние граѓаните совесни нештава да ги превземаме во свои раце и на ризик да се изложуваме (ризик од евентуално каснување или ризик од бркање на работа жртвувајќи го работното време за да спасиш нечиј живот). Ова е втор случај на удар со секира во рок од недела дена, за оној првиот во Скопје уште изостанува истрага и евентуално осомничено лице, и тоа само кажува дека злото од овој вид се толерира и поттикнува од државата и нема да е далеку денот кога и уште еден ваков случај ќе посведочиме (да не зборувам за двата случаи во скопско Драчево на сечени мачиња на пола).
Воедно, замолувам за доверлива информација (случајот ќе го пријавам лично самиот, па нема да ве изложам на ризик ако се плашите) доколку знаете кој ова му го учинил и би идел до крај за да овој монструозен лик не помине само со парична казна но и да полежи в затвор (законот за заштита и благосостојба на животни и кривичниот закон тоа и го налагаат). Замолувам и да собереме донација која ќе биде употребена како награда (да речеме 100 или 200 евра) за сведокот полесно да се реши да го обелодени сторителот на ова грозоморно дејание оти не е далеку и денот кога таа секира и кон човек ќе ја насочи, психата човечка е таква, напиша Климент Арнаудов на својот фејсбук  профил. 

Кучето е згрижено во ветеринарната амбуланта Вет Спирит Охрид, каде ќе му биде извршена операција. 

-„Благодарение на брзата интервенција на мојот пријател Vladimir Bozinov, душево бидна фатено и веднаш однесено во Vet Spirit Veterinarna Ambulanta. Ќе биде подвргнато на операција која ќе трае час и пол, и сега замолуваме да ни излезете во пресрет за место да го згрижиме муцево кое ќе се молиме да ја преживее операцијата бидејќи има изгубено доста крв. Утре ќе биде поднесена и пријава против непознат сторител, и замолувам секој еден од вас што е трогнат од ова грозоморие да го учини истото“, додава Арнаудов. 


  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK