Сре12122018

Последна промена10:38:24 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Угостителските работници најбарани на пазарот на трудот

Угостителските работници најбарани на пазарот на трудот

Сподели

Професијата  угостителски работник една од најбараните професии.

 

Особено во Охрид како главен туристички центар ова е акутен проблем. 

-„Нема келнери, шанкери, салатери и кувари. Слаб е интересот кај младите за оваа професија. Иако имаме и угостителско средно училиште и стручен  факултет ние се соочуваме со овој проблем со години“, велат угостителите.

Главниот проблем за недостиг на угостителски работниците се ниските плати. 

-„Поголемиот дел од младите заминуваат да работат во Хрватска како угосттелски работници бидејки тмау платите се три пати поголеми“, коментираат туристичките работници. 

 Се зголемува и побарувачката на профилите општ работник, инженер и директор. 

Од побараните работни профили се и оние за работното место маркетинг агент, сметководител, менаџер и фамацевт, но голема побарувачка има и за столари.

Помалку барани занимања се и за технички секретар, продавач, администратор, магационер, референт, асистент и наставник, а карактеристично е зголемената побарувачка во категоријата "градежништво и архитектура", каде најмногу се бара бравари, архитекти, заварувачи, дреари и водоинсталатери.

Анализата на огласите, покажа дека многу малку се бараат сервисери, графички дизајнери, медицински сестри, инструктори, дистрибутери, пишува Скопје.мк. 

Најмала заинтересираност кај работодавачите има за занимањата агроном, рецепционер, лектор, воспитувач, пиротехничар, фактурист, геолог, библиотекар, архивар, медија планер, контролор, практикант, едукатор, судски вештак, актер и чувар.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK