Нед12162018

Последна промена04:44:54 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Викендов TASTE OHRID 2018!

Викендов TASTE OHRID 2018!

Сподели

Овој викенд, од 12-ти до 14-ти октомври, ќе се одржи првото издание на Taste Ohrid 2018 каде учесниците ќе имаат можност да се вклучат во велосипедски тури низ прекрасните предели на националниот парк Галичица и околу Охридското езеро организирани од ЕкоДром Охрид, како и да вкусат дел од специјалитетите на врвни светски и локални шефови.

 

Првата велосипедска тура „Tour the lake, respect the lake” која ќе се одржи на 13-ти октомври со почеток од 09:00 часот ќе се одвива по крајбрежјето на најголемиот базен во светот со питка вода и најстарото и најдлабокото езеро во Европа – прекрасното Охридско езеро. Патеката е долга преку 90 километри, а велосипедската тура е со времетраење од 5-6 часа.

Љубителите на планинскиот велосипедизам пак, на 14-ти октомври ќе можат да уживаат во „Spiridon Adventure“. Турата започнува во 09:00 со искачување по асфалт до село Велестово. Планирано е велосипедистите да поминат низ висорамнините на Дофа и Шарбојца, па сѐ до Суво Поле каде од лева страна се отвора поглед кон Преспанското езеро. Патеката продолжува до превојот Баба, Трпејчкото Поле и Пештани, Елшани, Коњско, село Шипокно, Рача па на крај до Охрид. Вкупната должина на планинскиот маратон е 53 км со севкупна елевација од 1953 метри. Авантурата низ планинскиот масив на Галичица се предвидува да одземе не повеќе од 6 часа.

Настанот „Taste Ohrid 2018“ е организиран од Општина Охрид и ЕДЕН – туристички кластер за југо-западна Македонија, а поддржан од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост.

Повеќе информации и пријавување за велосипедските тури на официјалната веб страна www.tasteohrid.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK