Чет10182018

Последна промена03:44:04 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Седум охридски дуќани ќе се ревитализираат со државни пари

Седум охридски дуќани ќе се ревитализираат со државни пари

Сподели

Проектот ќе го врати стариот сјај на охридската чаршија.

 Општина Охрид  и Министерството за економија на Р. Македонија наредниов период ќе реализираат проект за уредување на излозите во старата охридска чаршија и враќање на нејзиниот автентичен изглед. При потпишувањето на договорот за соработка, Министерот за економија Крешник  Бектеши истакна дека проектот се однесува и на разубавување на чаршијата и привлекување поголем број посетители и гости од земјава и странство  

– Ние во  во рамки на Програмата за развој на туризмот за 2018 предвидовме, после скопската, да ја прошириме оваа активност и на останатите чаршии, и тоа во соработка со општините на чија територија се наоѓаат тие. За реализација на овој проект годинава обезбедивме буџет од 16,5 милиони денари, а преку јавен повик беа поканети општините Чаир, Центар, Битола, Охрид и Струга да аплицираат, притоа запазувајќи ги условите од самата техничка документација и предмер-пресметките, кои ги дистрибуиравме до нив. На повикот пристигнаа вкупно 182 апликации, а од услови согласно повикот исполнија 160 дуќани, од кои 115 од скопската, 38 од битолската и 7 од охридската чаршија. За жал, од струшката чаршија не добивме апликации -рече Бектеши.

Проектот „Ревитализација на излозите  во старата чаршија“, покрај во Охрид ќе се реализира и во  општините Чаир, Центар и  Битола. Овие општини   ќе имат рок од 1 година за имплементација на споменатите активности, а дуќанџиите немаат никаква обврска да партиципираат нивни средства, односно сите средства се обезбедени од  Министерството за економија.

16,5 милиони денари за нови 160 занаетчиски дуќани ќе обезбеди Министертвото за економија за реставрација во наредната година во Општина Чаир, Центар, Битола и Охрид. Проектот чија цел е да се сочува автентичноста на старите чаршии е почнат во 2015 година и како резултат на позитивните ефекти продолжува, смета министерот за економија,Бектеши. Инаку, министерството за економија објави јавен повик за ревитализација на излозите и дуќаните во чаршиите, на кој пристигнале 180 апликации а 160 ги исполнале условите.Ниту една апликација не била доставена од Струга.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK