Чет10182018

Последна промена03:44:04 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид СЈО отвори истрага за реконструкцијата на охридската болница

СЈО отвори истрага за реконструкцијата на охридската болница

Сподели

Сјо отвори истрага „Пациент“ , со  основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапки по јавни набавки за извршување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ државата.

Една од нив е и реконструкцијата на општата болница Охрид. 

Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и еден поранешниот  министер за здравство Бујар Османи. 

Постои основано сомнение дека во 2010 година четворица од осомничените, Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, како одговорни лица – претседател и членови на комисијата за јавни набавки во Министерството за здравство на РМ, при вршење на јавна набавка бр 02/2010 за изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ Македонија, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда, а осомничениот Бујар Османи, како министер за здравство, наместо да го одбие предлогот на Комисијата, донел решение за избор на најповолна понуда на понудувачот ГБС – Благоевград – Република Бугарија.

Имено, од доказите произлегува дека осомничените членови на комисијата, го фаворизирале понудувачот ГБС – Благоевград, и покрај тоа што знаеле дека овој понудувач не ги исполнувал условите од тендерската документација, односно не ги поседувал потребните овластувања за инженерите за изведба, а во предмер пресметките кои се составен дел на понудите, не направиле ниту точен збир на податоците, поради што не утврдиле дека понудата на Ингра Загреб е за 637.303,00 денари поевтина од онаа на ГБС Благоевград.Иако сето ова му било познато и на министерот за здравство, тој не го одбил предлогот туку донел решение и ја избрал понудата на ГБС Благоевград како најповолна, и покрај тоа што вредноста на понудата е поголема од проценетата вредност по јавната набавка и на правниот субјект му овозможил имотна корист во износ од 21.604.150,59 денари.

При изградба и реконструкција на ЈЗУ „Општа болница Охрид“, ЈЗУ Клиничка болница Тетово и ЈЗУ ГАК Чаир, различни лица во различни периоди причиниле штета на буџетот на РМ.

Имено, во текот на 2010 година истите осомничени Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, во друга постапка за јавна набавка бр. 03/2010 за изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи во ЈЗУ „Општа болница Охрид“, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда и повторно ја избрале понудата на понудувачот ГБС Благоевград кој сѐ уште не ги поседувал потребните овластувања за инженерите за изведба, а со тоа не ги исполнувал ниту условите од тендерската документација.

Министерот за здравство Бујар Османи, го прифатил и овој предлог и склучил договор со понудувачот ГБС Благоевград на износ од 127.533.691 денар.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK