Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Градоначалникот Стојаноски оствари средба со пензионерите

Градоначалникот Стојаноски оствари средба со пензионерите

Сподели

Градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со претставници на Здруженито на пензионерите на Охрид и Дебрца.

На средбата градоначалникот беше информиран за посетата на охридските пензионери на Љубљана, Словенија, по повод 1 октомври, Денот на европските пензионери.

Со настапот на КУД “Далги“ – кое функционира во рамките на здружението- во Цанкарјевиот дом, охридските пензионери ги освоиле нескриените симпатии на публиката и достојно го презентирале македонскиот  фолклор и култура.

Градоначалникот го изрази задоволството од успешното претставување на нашата земја и Охрид на оваа меѓународна средба и истакна дека и во иднина локалната самоуправа силно ќе ги поддржува активностите на пензионерите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK