Нед12162018

Последна промена04:44:54 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Младински шаховски турнир

Младински шаховски турнир

Сподели

Синоќа се одржа свечено отворање на третото издание на Младински турнир „ЛАСКЕР 2018“. На присутните им се обрати пртеседателот на ШК ЛАСКЕР Охрид Наташа Лушеска, од името на Шаховската федерација на Македонија генералниот секретар г-ин Иван Кочовски, а присутните ги поздрави и турнирот го прогласи за отворен градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски.

 

На отворањето со музичка точка се претставија младата виолинистка Марија Џуклеска, ученичка во Општинското музичко училиште Методиј Патчев од Охрид, во пијано придружба на проф. Даниел Чуркоски.

Од 11 до 14 Октомври секој ден со почеток во 09:30 и во 16:30 ќе одржува натпреварувачкиот дел на  Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2018“. На турнирот учествуваат 96 млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција и Македонија. Турнирот е во организација на Шаховски Клуб ЛАСКЕР Охрид со подршка од Шаховска Федерација на Македонија, Хотел Белведере Охрид и АРС Ламина Публикација Скопје.

Листата на учесниците може да се погледне на страната на Светската шаховска федерација ФИДЕ на следниот линк: http://chess-results.com/tnr371678.aspx?lan=1

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK