Преполовени нивоата на Сатеска и Црни Дрим
- Детали
- Објавено на Петок, 12 Октомври 2018 09:28
Месецов, реките Сатеска и Црни Дрим имаат преполовени нивоа во споредба со ланскиот октомври.
Речиси четири пати пониски од просекот за октомври се нивоата на реките Вардар кај Јегуновце и на Сатеска кај Ботун, додека Вардар кај Зајчев Рид и Црн Дрим кај Ложани се преполовени, покажуваат хидролошки мерења на УХМР.Пониски од октомврискиот просек се и нивоата на Вардар кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод и Крива Река кај Крива Паланка, додека покачувања бележат Црна кај Новаци и Брегалница кај Берово.