Чет10182018

Последна промена03:44:04 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охриднет во кујната со врвните светски шефови

Охриднет во кујната со врвните светски шефови

Сподели

„Охридска пастрмка  огледало на езерото“,   „Јагнешко во боите на есента“ „Суши од охридска риба“„ Канео десерт“ и  „Ѓеврек Самоилова тврдина“ се новите јадења кои охридските кувари денес имаа прилика да ги учат од врвните мајстори.

Италијанскиот шеф со Мишелин  ѕвезда Џорџо Дијана пред дел од студентите на факултетот за туризам и познати кувари од реномирани угостителски објекти од Охрид покажа како локалната храна да биде презентирана на поатрактивен начин.

Во рамките на фестивалот Taste Ohrid 2018  ќе се одржат три мастер класови во кои светски познатите шефови   ги откриваат  тајните за креирање јадења од сезонски продукти кои пак  ќе ги збогатат менијата во охридските ресторани.

„ Главната цел е гастономско совестување на сите нас освестување на угостителите Она што е локално да го презентираме на поатрактивен односно многу помоќен начин. Да ги освестиме нашите студенти кои што  да речам се наша гордост и кои што ќе ја креираат угостителската политика, која е многу  важен сегмент во развојот на ена туристичка дестинација. Целта е да направиме детинација која што ќе привлекува гости со нели подлабок џеб односно достоинствено да покажеме ека Охрид има високи културни историски богатства а ние тоа фда го спакуваме на правилен начин“, вели Ангела крстаноска Василеска професор при ФТУ Охрид.

За да се добие Мишелин ѕвезда потребно е многу работа,  љубов и труд, советуваат врвните кувари.

-„Имајте трпение, сакјте го тоа што го работите и да се има визија за иднината да се размислува за она што сакате да бидете. Најчесто сите млади луѓе сакаат да бидат шеф или мастер шеф на ТВ тоа не смее да биде единствената причина ако ја работите оваа рбаота треба 15 часа да бидете во кујна и не е лесно. Па ако не ја сакате оваа работа не ја работете“ , порача џеф Џорџо Дијана.

„Водичот на Мишелин“ се смета за најзначаен и најдобар водич за ресторани и врвни готвачи, а се издава во повеќе од 20 земји во светот.Тој свој систем со кој ги вреднува најдобрите хотели и ресторани во однос на цената. Важни критериуми се квалитетот на производите, вештината на создавање ароми и готвење и оригиналноста на кујната.

 - „Кога зборуваме за туристички места многу е важно да се даде поголем внимание на порцијата почнувајќи од традиционални јадења па чекор до чекор до поголем избор. Многу е важно да се има училиште  во градот бидејки на тој начин се промовира гастрономијата и се обучува стручен кадар а не се увезуваат кинези за шефови во кујна“, вели ромаксиот шеф Раду Зарнеску.

Српскиот шеф Џорџе Костиќ одржа мастер клас  на  менаџерите за водење и брендирање на хотели. Утре за прв пат  ќе има гала вечер со мишелин ѕвезда, настан кој отвора нова ера во гастрономијата на туристички Охрид.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK