Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Плашицата во опасност, во каналот нема доволно воздух

Плашицата во опасност, во каналот нема доволно воздух

Сподели

Иако е поставена  пумпа за аеризација во каналот „Студенчишта“ се уште нема доволно воздух.

 

 

Плашицата,  која презимува на овој потег,  со денови  е во опасност.

 

Огромната количина на риба, по слободните проценки околу  десетина тони, секојдневно  се бори за воздух.

 

-„Секојдненвно го мериме количеството на кислород во каналот и можам да кажам дека водата е со температура од 10, 5 степени а кислородот е околу 5,6 милиграми на литар а треба да биде на десет.Значи количеството на кислород е двојно помало што значи дека сиот растителен и животински свет што е во каналот има проблем со користењето на кислород за свој опстанок“, вели Сашо Точков раководител на Центарот за јавно здравје Охрид. 

 

После поморот на плашица во каналот пред десетина денови локалната во соработка со Хидробиолошкиот институт поставија пумпа, која го зголемува кислородот во каналот, но една пумпа не е доволно. 

 

-„Кислородот кога го меревме првиот ден кога беше пријавено од страна на медиумите и инспекциите за поморот беше 3,5 милиграми на литар. Со интервенцијата на пумпите и дотурот на вода се подигна нивото на ксилород но не доволно“, додава Точков. 

 

За  трајно решение на проблемот во каналот потребно е редовно прекопување. Од 1924 година, кога е изграден до ден денес само еднаш било интервенирано.  Еден метар длабочина е премала да овозможи опстанок на густата популација на плашица, на која каналот и е презимувалиште.

 

новинар Соња Рилковска 

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK