Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Земјоделец најризична професија!

Земјоделец најризична професија!

Сподели

Четириесетина луѓе годишно во просек умираат на работно место во земјава. За разлика од минатото кога градежништвото беше најопасната професија денес најголем број смртни случаи има во земјделието.

Од Здружението за заштита при работа на Р. Македонија тракторот го класифицираат како убец број еден.
Најпогодени се семејствата индивидуалци, кои настрадуваат при превртување од трактор или поради неправилно управување со земјоделските алатки. Употребата на пестициди и други хемикалии дополнително предизвикуваат кационом и други болести на работното место.
- „Огромен број од луѓето не се свесни дека и заболувањата кои ги стекнуваат во текот на целиот работен век после во текот на староста се обидуваат да ги оправат работите. Затоа често пати имате и луѓе кои очекуваат да одат во пензија порано но одењето во пензија често значи да се лекувате или да го одржувате тоа малку здарвје што ви останало кое сте го оштетиле кога сте биле во работен однос“, вели Милан петрески претседател на Здружението за заштита при работа.
Работните места одземаат животи и во регионот. Состојбата е загрижувачка и во Србија, Албанија и Црна Гора. Во Хрватска е подобрена по влегувањето во ЕУ.
-„ Има напредок, мора да признаеме, но државата мора на полето на заштитата на работникот да покаже поголема посветеност. Во одноот на другите земји членки ние знаеме дека се уште не се преземаат доволно мерки. Воглавно се гушиме во администрација не убива формата а не суштината. Европа веќе со години инсистира на поедноставување на прописите а ние се расплинуваме во се. И немојте ве молам да прашувате за статтистика. Знам дека јавноста тоа ја интересира но најважно е да ја подигнеме заштитата“. , вели Здравко Муратин од Хрватска.


Анализите покажуваат дека расте свеста и кај работодавачите. Тие стануваат посвесни за обезбедување на безбедна работна средина, но од друга страна има и такви кои вешто умеат да го избеггнуваат законот.
Здруженијата за заштита при работа од регионот заеднички подготвуваат Регионална стратегија за безбедност и здравје, со која се оечкува да се подбрат црните статистики на смртни случаи на работно место.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK