Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид има потреба од откупно дистрибутивен центар

Охрид има потреба од откупно дистрибутивен центар

Сподели

Во организација на Секторот за ТЛЕР, во рамки на активностите на Програмата за ЛЕР за 2018г, денес, се одржа презентација и јавна расправа за нацрт верзијата на физибилити студијата за откупно - дистрибутивниот центар во општина Охрид.

 

На настанот присутни беа локални земјоделци, производители, дистрибутери како и претставници на компании од оваа област. Изработувачот на Студијата, консултантската компанија О3 Инвест ги презентираше првите наоди и анализи за оправданоста и потребата од изградба на ваков центар согласно локалното производство и потребите како за домашниот пазар така и за извоз.

Од досегашните истражувања, како и од излагањата на локалните производители, беше заеднички констатирано дека евидентна е потребата од изградба на откупно дистрибутивен центар со што ќе се подобри организираниот настап и пласман како и задржување и зголемување на квалитетот на локалните производи. На овој начин ќе се овозможи и организиран пласман на локалното производство во туристичко-угостителскиот сектор во Охрид, со што ќе се подобри и зголеми туристичката и гастрономска понуда на охридските угостители.

Планираное до крајот на 2018 година да се добие финалната верзија на  студијата, а за следната година е планирано да се подготви и основен проект со што ќе се заокружи првиот чекор кон финализирање на овој важен проект за општина Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK