Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Билјанини Извори“ дел од првиот приватен бизнис клуб

„Билјанини Извори“ дел од првиот приватен бизнис клуб

Сподели

ЈП „Билјанини Извори“ стана дел од првиот приватен бизнис клуб во Македонија.

 

ЈП Билјанини Извори согласно стратегијата и визијата на менаџментот оваа година направи многу исчекори во насока на запознавање и комуникација со локалните и националните компании од Македонија. Размената на искуства во менаџирањето, комуникацијата со јавните претпријатија, понудата за користењето на нашата спортска инфраструктура за синдикални игри и тим билдинг активности на мултинационалните компании, финансискиот бенефит се само дел од причините за проактивниот однос на ЈП Билјанини Извори во соработката со многуте правни субјекти и групации.
Како резултат на тоа ЈП Билјанини Извори стана дел од првиот приватен бизнис клуб во Македонија, Бизнис.еу.мк со повеќе од 400 компании членки и повеќе од 10000 уникатни посети дневно на нејзиниот веб портал.
ЈП Билјанини Извори на ваков проактивен начин верува дека преку понудата на нејзините услуги и соработката со компаниите во иднина се повеќе и повеќе компании ќе се одлучуваат да бидат гости во Охрид и на таков начин да ги користат и другите ресурси во туризмот, угостителството на задоволство на сите нас.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK