Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Форум за стратешки развој на туризмот во Охрид

Форум за стратешки развој на туризмот во Охрид

Сподели

Форум на тема „Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка“ ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Стопанската комора на Македонија. 

Форумот  е во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“, а во соработка и со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и негово развивање и поддршкa од страна на државата преку креирање нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација.

На Форумот ќе присуствуваат претставници на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни и странски експерти кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дадат предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство, како и за усогласеноста на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK