Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид ОУ „Свети Климент Охридски“ одбележа 120 години постоење

ОУ „Свети Климент Охридски“ одбележа 120 години постоење

Сподели

Прекрасна свечена  приредба на учениците од  Основното училиште „Св. Климент Охридски“   кое годинава  одбележува и јубилеј- 120 години од  неговото основање.

 

По тој повод во Центарот за култура „Григор Прличев“  беше отворена изложба и продажна акција по што  се одржи свечена културно-уметничка програма на тема „Времеплов“.
Претходно во рамките на општинската прослава за одбележувањето на Св. Климент Охридски – Патронот и заштитникот на Охрид, во  НУ Библиотека „Григор Прличев“   беше отворена изложбата под наслов: „Св. Климент Охридски во македонската книжевна и научната мисла во Македонија“

Беа изложени педесеттина ретки наслови – изданија кои одблиску зборуваат за и околу животот и делото на Св. Климент и неговата мисија и создавањето на првиот универзитет на Балканот.

Преку изложбата  се согледа  континуитетот од работата на Светите Кирил и Методиј , преку нивните ученици Светите Климент и Наум па се’ до денес.
Во рамки на настанот беа  доделени и наградите од литературниот конкурс по повод Месецот на книгата во организација на библиотеката.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK