Сре03202019

Последна промена01:03:51 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Бадников хуман гест на адвокатот Наумоски

Бадников хуман гест на адвокатот Наумоски

Сподели

 

Денеска, на Бадник, адвокатот посети 20 загрозени семејства од Охрид.

Денеска на Бадник-празник над празниците, ден на мирот, радоста и семејството, охридскиот адвокат Мишел Наумоски, посети 20 загрозени семејства и ги изненади со ваучери за купување прехрамбени производи од маркетите „Тамаро“..Со оваа хуманитарна активност, Наумоски ја покажа солидарноста на дело и желбата, во пресрет на големиот верски празник Рожденство Христово-Божик, барем малку да им помогне на оние семејства кои немаат доволно средства за побогата празнична трпеза.
-Сакав да им ги честитам празниците, да помогнам за весела атмосфера во нивните семејства,да можат еднакво да го почувствуваат Бадниковото и Божикното расположение.Им посакувам радоста и убавите мигови да им бидат секојдневие, вели Наумоски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK