Сре03202019

Последна промена01:03:51 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Притвор за насилникот од охридската пожарна

Притвор за насилникот од охридската пожарна

Сподели

30 дневен притвор заработи насилникот што тешко повреди пожарникар.

Јавниот обвинител ценеше дека постојат опасности осомниченото лице да го повтори кривичното дело, да се даде во бегство и да влијае врз сведоците, поради што до судија на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави и Предлог за определување на мерката 30 дневен притвор.
Четириесетгодишен вработен во охридската противпожарна служба вчераутро нападнал повеќе негови колеги и е осомничен дека извршил неколку кривични дела. Откако влегол во простории на Територијалната противпожарна единица во Охрид, тој со дрвен стап нападнал негов колега, удирајќи го во пределот на главата. Притоа на оштетениот му нанел тешки телесни повреди од животно загрозувачка природа.
Настанот се случил вчера во 10 часот и 30 минути, во територијалната противпожарна единица во Охрид, каде имало насилство со загрозување на службени лица, извршено од Ј.К.(40) од охридското село Велгошти.
-Тој употребил предмет со кој му нанел тешки телесни повреди на Г.С., вработен во противпожарната служба, по што избегал. Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Продолжувајќи кон дворот на противпожарната служба, осомниченото лице се сретнало со друг колега кого исто така го нападнал со удари. Од силината на ударите вториот оштетен паднал на снегот, по што сторителот упорно продолжил со клоци да му нанесува повреди по телото. По тоа, осомничениот избегал од местото на настанот. Подоцна се јавил и на службениот телефонски број 193 и им се заканувал на колегите со што ја загрозил нивната сигурност.
Поради стореното, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 3 во врска со став 3 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK