Пет01182019

Последна промена02:27:41 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Снегот го парализира Југозападниот регион во земјава

Снегот го парализира Југозападниот регион во земјава

Сподели

Големите снежни наноси го парализираа Југозападниот регион во земјава. Најкритично во Долни Дримкол и Малесија.

Стотици отсечени жители во тој регион утрово не можеа да излезат од своите домови. Нема јавен превоз од јабланичките села па жителите не можат да одат ни на работа.
Од Центарот за управување со кризи велат дека по приоритет, денес ќе отпочне чистење на ридско планинските населени места.

- „Во Малесија патниот правец од Мислодежда до Присовјани е третиран а селата над Присовјани не се проодни. Во нив има мал број на население и очекуваме кога ќе се потсмират временските услови да се и во тој правец преземат мерки за расчистување. Додека вво Дримколската зона селото Јабланица е расчистен главниот пат со тоа што и во текот на денешниот ден повторно ќе се интервенира таму“, вели Митко Темелкоски од ЦУК.

Во охридскиот регион наврнаа над триесетина сантиметри снег, но состојбата е под контрола. И покрај обилните снежни врнежи градските улици , локалните и регионалните патни правци редовно се чистат.Вработените триесет часа непрестано се на терен.

-„ Проблем се постојаните врнежи од снег ако може да се нарече проблем. Затоа што како што кажав ние работиме го расчистуваме снегот меѓутоа се формира повторно снежна покривка. Според најавите ова попладне би требало да престанат врнежите од снег и мсилам дека веднаш после тоа сите ете тие поплаки кои што ги имаа граѓаните ќе бидат еднаш исчистени ќе нема потреба повторно да се поминува на нив.Ќе бидат проодни а исто така и улиците ќе бидат посипени со сол и ризла и ќе биде исчистено. 0237 До синоќа беа потрошени 40 кубици ризла и 25 тони сол. , вели Љупчо Грданоски директр на ЈП „Охридски комуналец“.

Единицата за спасување во планина е на „готовс“. Подготвени се велат да интервенираат во однос на снабдување на отсечените жители во планинските села со храна и лекови, или доколку е потребна нивна евакуација.

-„Апелирам особено до граѓаните кои се во руралните средини особено во планинските села да бидат малку трпеливи доколку има неопхдност д интервенција меѓутоа секако се надевам дека и тие си ги имаат преземено сите мерки подготвени се, не им е прв пат се соочуваат секоја година со слични ситуации така што не очекуваме некои сериозни интервенции подготвени сме во нужна неопходност за евакуација на некои лица или за достава на најнеопходните намирниси, лекови на пример да интервенираме и стоиме на располагање“, вели Антонио Додески од единицата за спасување во планина.

Состојбата не е алармантна , нема посериозни проблеми во однос на снабдувањето со електрична енергија и засега нема жители кои побарале помош за евакуација. Сите кои се јавуваат во Центарот за управување со кризи се жалат на неисчистените патишта особено во руралните средини.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK