Сре03202019

Последна промена01:03:51 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Насилникот од Велгошти бил пожарникар, сега е зад решетки

Насилникот од Велгошти бил пожарникар, сега е зад решетки

Сподели


Насилникот дивеел во пожарната и претепа двајца колеги, едниот е на клиниките во Скопје. Заврши хоророт во охридската пожарна служба.

40 годишниот Ј.К.од Велгошти, кој вчера претепа пожарникари, повеќе години бил вработен во охридската противпожарна бригада. Тој со дрвен предмет по глава го удирал својот колега Г.С. и му задал тешки повреди, поради што, од охридската болница итно бил префрлен во скопските клиники. Неговата агресивност не запрела тука, тој преминал во друга просторија од пожарната и го претепал А.А. колега пожарникар. Охридската полиција го привела агресивниот насилник и по три основи му поднесла кривична пријава, сега тој е зад решетки.

Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид вели дека полициските службеници го привеле осомничениот вчера околу 14 часот откако претходно точно утврдиле каде се сокрива, по бегството од противпожарната единица и стореното насилство.
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „насилство“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.К.(40) од охридското село Велгошти, вработен во протипожарната служба. На Ј.К. од надлежниот суд му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена. Ј.К. на 9.1.2019 во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид со дрвен предмет го нападнал Г.С.(54) од Охрид и му нанел тешки телесни повреди, по што Г.С. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Потоа, во друга просторија физички го нападнал пожарникарот Т.Т.(45), нанесувајќи му повреди. Откако го напуштил местото на настанот, Ј.К. се јавил на службениот телефон во противпожарната служба и упатил сериозни закани кон пожарникарот А.А.(56) од Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK