Пет01182019

Последна промена09:01:15 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Осумдесет нови вработувања на царина

Осумдесет нови вработувања на царина

Сподели

Четири години немало вработувања во Царината, а обемот на работа растел. Затоа сега се бараат 80 нови работници.

Директорот на Царината објаснува со приближувањето кон ЕУ, Управата презема и нови надлежности заради што имаат потреба од нов кадар. Бројот на вработени во инситуцијата во овие 4 години е намален од 1132 на 1076 лица.

Премеирот Заев посочи дека со новите вработувања во адмиистрацијата нема да се пополнат сите испразнети места туку само оние кои се најпотребни. А онаму каде ќе се јават вишоци очекува да бидат примени од приватниот сектор.

Со реформите во админситрацијата се предводува да се намали бројот на работници , но според Заев новите вработувања ќе помогнат за поголема ефиканост на самата администрација.

За опозицијата со новите вработувања власта купува гласови пред претседателските избори.

Огласот на Царината беше објавен на 8 јануари и трае до денеска. Рокот бил само три дена затоа што станува збор за вработувања на определено време, на една година. Се бараат цариници, наплатувачи, началници, советници, пренесува Сител. 

Овој оглас е само еден од многуте кои деновиве се објавија. Денеска и секретаријатот за европски прашања преку оглас бара 13 раководители.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK