Глутница кучиња напаѓа велосипедисти на плоштад
- Детали
- Објавено на Четврток, 07 Февруари 2019 07:40
Глутница кучиња на охридскиот плоштад напаѓа велосипедисти.
За жал немаме видео снимка , но имаме сведоштво од охриѓанецот Славчо, кој вчера попладне беше нападнат од повеќе кучиња додека со својот велосипед поминуваше на плоштад.
-„Возев точак, одеднаш почнаа да ме бркаат кучиња. Едно големо и агресивно луто во нозе ми се нафрлуваше. Се преплашив воев и не застанав едно од кучињата ме касна за јакната и ми ја скина, раскажува Славчо за Охриднет.
На градскиот плоштад вознемирени граѓани раскажуваа дека истите кучиња цел ден бркале велосипедисти. Едно од нив е поголема раса и делува агресивно.
Надлежните од ЈП Комуналец веднаш да преземат мерки, бараат охриѓани.