Пет08232019

Последна промена05:16:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Благодатна свадба - 70 години брак како во бајка

Благодатна свадба - 70 години брак како во бајка

Сподели

Душан и Костадинка Лошкоски  од охридското село Оровник прославија благодатна свадба, 70 години успешен брак!

Љубовта за која велат им се случила на прв поглед им трае до ден денес. Со насмевка на лицето раскажуваат за убавите мигови, се присетуваат со радост, се гушкаат и смешкаат. 

„Од љубов се зедовме, јас бев на свадба каде братот на Костадинка беше бајрактар,тогаш ја бендисав и со помош негова и ја зедов.Многу бевме среќни, сите години ми поминаа многу брзо. Ние сме најстари во регионов кои за среќа заедно останаа во брак толку, 70 на број .- раскажува Душан Лошкоски во изјава за ТВ 24. 

„Ме чува многу ме чува.Јас сега бидејќи сум постара не можам сама тој ми е како матичен лекар. За се ми помага.“ - вели Костадинка Лошкоска сопругата на Душан.

Душан има 89,  а Костадинка 92 години. Од заедничкиот живот, кој минал како убав сон имаат тројца синови, шест внуци и 12 правнуци.

„Рецептот е во љубовта, во слогата ние меѓусебно се разбираме толку години но не само ние туку и со сите други, со синовите внуците убаво си живееме. Денеска ќе пославуваме, ме замолија внуците дедо да прославиме, па ќе се собереме овде во селскиот дом сепак 70 години не се малку додава“ - вели Душан. 

Си помагаат и поддржуваат, а љубовта е основниот рецепт за успешен и долг заеднички живот. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK