Лешанец нападнал белчиштанец во Охрид
- Детали
- Објавено на Четврток, 07 Февруари 2019 14:27
30 годишен од Лешани физички нападнал 22 годишно момче.
Физичкиот напад се случил денеска околу 00.30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, кога е нарушен е јавниот ред и мир во кој, Ц.И. (30) од селото Лешани-општина Дебарца, физички го нападнал М.Л. (22) од селото Белчишта.
-По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, согласно членот 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, против Ц.И. ќе поднесе соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.