Пет02152019

Последна промена12:36:29 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Јавните претрпијатија задолжени до гуша, но со нови вработувања

Јавните претрпијатија задолжени до гуша, но со нови вработувања

Сподели

Јавните претпријатија солжат милиони, но продолжуваат да вработуваат партиски кадри.

Јавните претпријатија во државна сопственост кои по брза постапка од Собранието добија одобрение да отворат нови работни места за заменици директори, со години наназад трупаат долгови.

Дел од нив се појавија и на најновата листа на должници на Управата за јавни приходи. ЈП „ Македонија Пат“ за ДДВ и данок на добивка не платило над 5 милиони евра. Македонската радио телевизија должи над 1 милион, а ЈП за стопанисување со објекти од спортот 800 илјади евра. На листата на должници се најдоа Македонски Шуми, Водостопанство на Македонија и бројни јавни комунални претпријатија кои работат во повеќе општини низ земјава, нализира  Алва ТВ

За премиерот, вработувањето на заменици директори во јавните претпријатија основани од државата не е проблем, бидејќи токму тие ќе помогнеле компаниите кои сега тонат во долгови да работат поефикасно.

Во меѓувреме, јавноста бурно реагираше на бројните огласи за вработувања пред избори, преку кои во државни органи се вдомија многу роднини на функционерите на власт. Огласи за работни места се објавуваат речиси секој ден. Само во последнава недела, нови кадри бараа министерството за информатичко општество, министерството за локална самоуправа, државниот пазарен инспекторат, Комисијата за хартии од вредност, Регулаторната комисија за енергетика и многу други. И додека некои едвај чекаат да се „пикнат“ во јавната администрација, според Агенцијата за вработување, во Македонија има слободни скоро 10 илјади работни места. Во моментов 95 илјади невработени активно бараат работа.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK