Пет08232019

Последна промена05:16:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Младите подготвени за проекти кои ќе донесат големи промени

Младите подготвени за проекти кои ќе донесат големи промени

Сподели

Започна и годинешниот циклус на програмата Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности (ЦКА- ПХВ). 

 

Одржана беше првата работилница на 05.02.2019 (вторник), каде новиот „рој“ младинци се запознаа со работата и историјата на Црвениот крст. Следуваат уште две работилници од кои тие ќе бидат обучени да излезат на терен и да ги започнат нивните Мали проекти кои прават Големи промени во нашата заедница.

Програмата ПХВ-ЦКА е национална програма која обучува млади луѓе на возраст од 14-18 години, да изготвуваат проекти со кои помагаат на целни групи на кои им е потребна помош. Младите се дружат меѓу себе, подобро се запознаваат, ги откриваат и зајакнуваат своите способности, таленти и квалитети. Меѓусебно се поттикнуваат и поддржуваат. Се јакнее нивната самодоверба, стануваат потолерантни кон останатите, ги јакнат комуникациските вештини и работат тимски. Младите ја изразуваат својата креативност и ја користат во организирањето на активности преку кои обезбедуваат средства за остварување на нивната цел.


Мкнатата година во Охрид, 47 младинци кои беа дел од програмата ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ изработија 6 проекти во кои беа директно опфатени околу 50 луѓе и нивните семејства. Обезбедени беа апарати за домаќинство, обезбедени средства за лекување, средства за операција на очи, екскурзија, еколошко катче во градов и многу други мини проекти во проектите кои се реализираа.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK