Пет08232019

Последна промена05:16:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Најскапи становите во Охрид и Скопје

Најскапи становите во Охрид и Скопје

Сподели

Во Охрид и Скопје се продаваат најскапите станови.

Цената на недвижности достигнува и до неколку илјади евра за метар квадратен, зависно од локацијата.

Во Охрид најскапи се становите во строгиот центар на градот и прва линија до Охридското езеро. 

Од агенциите за недвижности во Скопје велат дека најмногу работат со станови во Скопје 

Во Неготино, Виница, Свети Николе, Кочани, Ресен, Пехчево, Богданци  становите се продаваат по багателна цена. 

-„Во Неготино стан од 72 квадрати со 3 соби се продава за 37.000 евра, но има и станови од 70 квадрати за 31.000 евра.Во Виница стан со 3 соби чини 50.000 евра, а се нудат на продажба станови од 56 квадрати за 25.000 евра, но има и понуди за станови со 4 соби за 37.000 евра.Во Богданци стан од 42 квадрати може да се купи за 14.000 евра.Во Гевгелија за 35.000 евра може да се најде реновиран трособен стан со површина од 83 квадрати. Во истиот град во центарот има станови од 40 квадрати за 25.000 евра“, пренесува Фактор. 

За споредба во Охрид на поатрактивните локации не може да се најде стан под 1000 евра за метар квадратен. Поатрактивните апартмани на брегот на Охридското езеро чинат и по 2000 евра за метар квадратен. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK