Пет02152019

Последна промена12:36:29 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид ЅОЅ со јавно обраќање до градоначалникот Георгиески

Охрид ЅОЅ со јавно обраќање до градоначалникот Георгиески

Сподели

Охрид ЅОЅ со јавно обраќање до в.д.  градоначалник на Општина Охрид.

 

Ви го пренесуваме во целост:

-„Господине Георгиески, по вашата неодамнешна изјава во која напаѓате граѓани и ги набедувате дека „ненавремено“ реагирале при носењето на урбанистичко-планската документација за Лагадин и останатите подрачја, ве прашуваме дали се потрудивте да се информирате дали воопшто биле одржани јавни расправи за предметните документи? Дали се потрудивте да се информирате колку, и дали воопшто, јавноста била ефективно известена за носењето на спорните документи; дали било обезбедено нејзиното присуство? Не, не сте се потрудиле да се информирате, бидејќи ако се потрудевте да ги добиете овие информации ќе знаевте дека во Лагадин живеат и охриѓани и тоа во текот на целата година. Охриѓани кои на никаков начин не биле известени за носењето на спорната урбанистичко-планска документација за тој потег за која ниту се одржала јавна расправа ниту се одржала јавна анкета. Охриѓани кои многу добро го знаат „успешниот стопанственик“ Толески и неговите активности „во согласност со законот“ и кои до ден-денес се прашуваат на кој начин деталниот урбанистички план за Лагадин во рок од една деценија се деградира во урбанистички план вон населено место, за на крај да заврши како општ акт. Здружението на граѓани „Стар Лагадин“ – што лагадинци го формираа за да си го остварат уставно-загарантираното право на учество во одлуките кои ги засегаат на локално ниво – истово прашање му го постави и на Уставниот суд на РМ од кој наскоро се очекува одлуката за оценување на уставноста и законитоста на Општиот акт за Лагадин. Во изјавата велите „кога ќе дојде инвеститор и ќе побара одобрение за градба на постоечки план, јас како градоначалник сум должен да постапам по тоа барање... кога се донесол планот на 50 метра од обала да има таков објект – завршена е работата“. Вистина? Бидејќи пред само две години, поточно на 15 март 2017 г., советничката група на сдсм изјави „На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, советниците од СДСМ предложија да се расправа за незаконската изградба на хотелот во Лагадин и да се стопира неговата нелегална изградба.“ Што се смени во овие две години во однос на (не)законитоста на дивиот хотел во Лагадин освен позицијата на вашата партија во локалната власт? Пред да прозивате граѓани со излитеното „каде бевте“, поставете ѝ го прашањето на вашата советничка група во Општина Охрид, само во сегашно време. Законите, господине Георгиески, не се сменија со истапувањето на сдсм од опозиција. На позиција на власт, што вие и вашата партија правите за да се справите со разузданата урбана мафија во Градиште, Љубаништа, Трпејца, Пештани, Рача, Коњско, Лескоец, Косел, Горица?! Зошто свесно допуштивте на дневен ред на седница на Совет да дојдат одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во автокампот „Градиште“? Одлуките изобилуваа со парцели со погрешен број, ниви без никаква градба впишани како да има на нив објекти, а вие како образложение за повлекувањето на точките нудите „разрешена комисија“?! Исто како што формалната причина за поништувањето на клаузулата за правосилност на одобрението за дивиот хотел во Лагадин гласеше „инвеститорот ненавремено известил за отпочнување со градежни активности“?! А поништувањето се случи веднаш по укажувањата на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ). Во решението на ДИЖС се вели дека Општината го усвоила Општиот акт за Лагадин прекршувајќи ја својата законска обврска да спроведе оцена на влијание врз животната средина. ДИГУ, пак, на ниедно место во своето решение не спомнува „ненавремено известување“, туку врз основа на координиран инспекциски надзор посочува на утврдени „низа неправилности во постапката за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин – Општина Охрид, како и во постапката за издавање на одобрението за изградбата на предметниот хотелски комплекс“. На крај од решението ДИГУ упатува барање до Општина Охрид „одобрението за градење да се поништи“. Вие во моментов ја извршувате функцијата градоначалник, а не лице за односи со јавност на сдсм. Таа функција подразбира првенствено и единствено грижа за општината, за доброто на граѓаните и за владеењето на правото. Доколку законот вели дека не може да се гради во 50 метри бидејќи се работи за заштитен појас на единственото УНЕСКО подрачје во Македонија, дали вие како одговорен нема да засукате ракави и да утврдите како тоа се дозволило? Тоа што вас воопшто не ве засега како вакви „исклучоци“ се дозволуваат, отвора загрижувачки прашања за вашата кредибилност, чесност и одговорност. Или покажете дека имате способност да раководите со Општината, а со тоа и со дел од УНЕСКО регионот, или оставете работата да ја заврши некој посовесен од вас. Навистина повеќе не знаеме на кој начин да ви ставиме до знаење дека немате ни милиметар простор за демагогија. Можеби кога ќе почнеме со поединечни тужби насочени кон конкретни лица на функции ќе разберете што значи одговорност на јавен функционер. И ние нема да застанеме на македонските лесно подмитливи судови. Во овој контекст, особено ни се допадна делот каде што „откривате“ дека ја испитувате законитоста на планските документи. Ја испитуваме истовремено и ние, па да видиме дали ќе дојдеме до ист заклучок. Ние сме и посебно заинтересирани за кривична одговорност кај носители на јавни функции и официјални службени лица. Ако не сте запознаени какви последици има, еве ние ќе ве запознаеме со дел од нив: Според чл. 244-а од Кривичниот законик на РМ, службеното лице во локална самоуправа кое ќе донесе решение за локациски услови спротивно на важечки урбанистички план ќе се казни со затвор од три до осум години. Според истиот овој член службеното лице подлежи на истата казна доколку при издавањето на бесправно решение за градба му нанесе штета на друг. А до тогаш, имате конкретни и обврзувачки препораки со конкретен рок од УНЕСКО кои мора да ги исполните инаку вие ќе бидете таа партија која ќе го однесе регионот на Листата на светско наследство во опасност. Знаете ли за ноемврискиот извештај на владата на РМ до УНЕСКО во кој се вели „Република Македонија активно работи на зачувување на крајбрежниот појас и воспоставување ред во урбаната трансформација на светското наследство“? Знаете ли за препораката бр. 9 од Реактивната мисија на УНЕСКО која налага „ригорозна примена на законите и регулативата со цел да се оневозможи какво било понатамошно нелегално градење во рамките на доброто“. Осврнувајќи се на вашата последна изјава, несреќната изјава на премиерот Заев, очајните одлуки за вклопување бесправно изградени објекти во Градиште, мораме да ве прашаме во која насока работите? Во насока на исполнување на обврзувачките препораки на УНЕСКО или во насока на исполнување на ветувањата дадени на вашите бизнис-партнери и партиски финансиери? Знаете, нели, дека не може да ги задоволите и едните и другите?„

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕдо в.д. градоначалник на Општина ОхридГосподине Георгиески, по вашата неодамнешна изјава во која напаѓате граѓани и ги набедувате дека „ненавремено“реагирале при носењето на урбанистичко-планската документација за Лагадин и останатите подрачја, ве прашувамедали се потрудивте да се информирате дали воопшто биле одржани јавни расправи за предметните документи? Далисе потрудивте да се информирате колку, и дали воопшто, јавноста била ефективно известена за носењето на спорнитедокументи; дали било обезбедено нејзиното присуство?Не, не сте се потрудиле да се информирате, бидејќи ако се потрудевте да ги добиете овие информации ќе знаевте декаво Лагадин живеат и охриѓани и тоа во текот на целата година. Охриѓани кои на никаков начин не биле известени заносењето на спорната урбанистичко-планска документација за тој потег за која ниту се одржала јавна расправа ниту сеодржала јавна анкета. Охриѓани кои многу добро го знаат „успешниот стопанственик“ Толески и неговите активности„во согласност со законот“ и кои до ден-денес се прашуваат на кој начин деталниот урбанистички план за Лагадин ворок од една деценија се деградира во урбанистички план вон населено место, за на крај да заврши како општ акт.Здружението на граѓани „Стар Лагадин“ – што лагадинци го формираа за да си го остварат уставно-загарантиранотоправо на учество во одлуките кои ги засегаат на локално ниво – истово прашање му го постави и на Уставниот суд на РМод кој наскоро се очекува одлуката за оценување на уставноста и законитоста на Општиот акт за Лагадин.Во изјавата велите „кога ќе дојде инвеститор и ќе побара одобрение за градба на постоечки план, јас какоградоначалник сум должен да постапам по тоа барање... кога се донесол планот на 50 метра од обала да има таковобјект – завршена е работата“. Вистина? Бидејќи пред само две години, поточно на 15 март 2017 г., советничката групана сдсм изјави „На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, советниците од СДСМ предложија да се расправаза незаконската изградба на хотелот во Лагадин и да се стопира неговата нелегална изградба.“Што се смени во овие две години во однос на (не)законитоста на дивиот хотел во Лагадин освен позицијата на вашатапартија во локалната власт? Пред да прозивате граѓани со излитеното „каде бевте“, поставете ѝ го прашањето на вашатасоветничка група во Општина Охрид, само во сегашно време. Законите, господине Георгиески, не се сменија соистапувањето на сдсм од опозиција.На позиција на власт, што вие и вашата партија правите за да се справите со разузданата урбана мафија во Градиште,Љубаништа, Трпејца, Пештани, Рача, Коњско, Лескоец, Косел, Горица?! Зошто свесно допуштивте на дневен ред наседница на Совет да дојдат одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во автокампот „Градиште“? Одлукитеизобилуваа со парцели со погрешен број, ниви без никаква градба впишани како да има на нив објекти, а вие какообразложение за повлекувањето на точките нудите „разрешена комисија“?! Исто како што формалната причина запоништувањето на клаузулата за правосилност на одобрението за дивиот хотел во Лагадин гласеше „инвеститоротненавремено известил за отпочнување со градежни активности“?! А поништувањето се случи веднаш по укажувањатана Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ).Во решението на ДИЖС се вели дека Општината го усвоила Општиот акт за Лагадин прекршувајќи ја својата законскаобврска да спроведе оцена на влијание врз животната средина. ДИГУ, пак, на ниедно место во своето решение неспомнува „ненавремено известување“, туку врз основа на координиран инспекциски надзор посочува на утврдени„низа неправилности во постапката за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин – Општина Охрид,како и во постапката за издавање на одобрението за изградбата на предметниот хотелски комплекс“. На крај одрешението ДИГУ упатува барање до Општина Охрид „одобрението за градење да се поништи“.Вие во моментов ја извршувате функцијата градоначалник, а не лице за односи со јавност на сдсм. Таа функцијаподразбира првенствено и единствено грижа за општината, за доброто на граѓаните и за владеењето на правото.Доколку законот вели дека не може да се гради во 50 метри бидејќи се работи за заштитен појас на единственотоУНЕСКО подрачје во Македонија, дали вие како одговорен нема да засукате ракави и да утврдите како тоа седозволило? Тоа што вас воопшто не ве засега како вакви „исклучоци“ се дозволуваат, отвора загрижувачки прашања завашата кредибилност, чесност и одговорност. Или покажете дека имате способност да раководите со Општината, а сотоа и со дел од УНЕСКО регионот, или оставете работата да ја заврши некој посовесен од вас. Навистина повеќе незнаеме на кој начин да ви ставиме до знаење дека немате ни милиметар простор за демагогија. Можеби кога ќе почнеме со поединечни тужби насочени кон конкретни лица на функции ќе разберете што значи одговорност на јавенфункционер. И ние нема да застанеме на македонските лесно подмитливи судови.Во овој контекст, особено ни се допадна делот каде што „откривате“ дека ја испитувате законитоста на планскитедокументи. Ја испитуваме истовремено и ние, па да видиме дали ќе дојдеме до ист заклучок. Ние сме и посебнозаинтересирани за кривична одговорност кај носители на јавни функции и официјални службени лица. Ако не стезапознаени какви последици има, еве ние ќе ве запознаеме со дел од нив:Според чл. 244-а од Кривичниот законик на РМ, службеното лице во локална самоуправа кое ќе донесе решение залокациски услови спротивно на важечки урбанистички план ќе се казни со затвор од три до осум години. Според истиотовој член службеното лице подлежи на истата казна доколку при издавањето на бесправно решение за градба мунанесе штета на друг.А до тогаш, имате конкретни и обврзувачки препораки со конкретен рок од УНЕСКО кои мора да ги исполните инаку виеќе бидете таа партија која ќе го однесе регионот на Листата на светско наследство во опасност. Знаете ли заноемврискиот извештај на владата на РМ до УНЕСКО во кој се вели „Република Македонија активно работи назачувување на крајбрежниот појас и воспоставување ред во урбаната трансформација на светското наследство“? Знаетели за препораката бр. 9 од Реактивната мисија на УНЕСКО која налага „ригорозна примена на законите и регулативата соцел да се оневозможи какво било понатамошно нелегално градење во рамките на доброто“. Осврнувајќи се на вашатапоследна изјава, несреќната изјава на премиерот Заев, очајните одлуки за вклопување бесправно изградени објекти воГрадиште, мораме да ве прашаме во која насока работите? Во насока на исполнување на обврзувачките препораки наУНЕСКО или во насока на исполнување на ветувањата дадени на вашите бизнис-партнери и партиски финансиери?Знаете, нели, дека не може да ги задоволите и едните и другите?

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK