Пет08232019

Последна промена05:16:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Партиите далеку од избор на кандидат за градоначалник на Охрид

Партиите далеку од избор на кандидат за градоначалник на Охрид

Сподели

Се „стишаа“ нагаѓањата за тоа кој ќе биде идниот градоначалник на Охрид. И двете политички партии се далеку од изборот на свој кандидат.

 

Иако  во јавноста се „вртат“ по неколку сериозни имиња во двата политички блока и се очекуваше  партиите набрзо да донесат одлука, според најавите на Охриднет и двете страни се уште  се далеку од изборот.

Политчките партии тактизираат, го испитуваат пулсот на охриѓани. Велат се прават анализи и компарации. Преку анкети се испитува јавното мислење на граѓаните, кои го имаат последниот збор при избор на татко на градот. 

За неколку денови, на 16 феврура во Струга на конвенција ВМРО ДПМНЕ ќе го избере кандидатот за претседател , но не се очекува да биде соопштен кандидатот за градоналник на Охрид. 

Од страната на СДСМ како најсериозни имиња за јавниста останаа в.д. градоначалникот д-р  Константин Георгиески и претседателката на Совет Живка Ангелоска. Додека од страната на ВМРО ДПМНЕ во потесниот круг се д-р Митре Милошески и адвокатот Мишел Наумоски. 

Изборот на градоначалник на Охрид, Дебар и Ново село  ќе се одржат на 21 април заедно со редовните претседателски избори. 

Охрид ќе избира нов градоначалник после прераната и ненадејна смрт на градоначаникот,  48 годишниот Јован Стојаноски, кој беше на чело на општина Охрид повеќе од 1 година. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK