Пет08232019

Последна промена05:16:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Анализа: Брзата помош неефикасна со амортизирани возила

Анализа: Брзата помош неефикасна со амортизирани возила

Сподели

Службата за итна помош во Македонија нема доволно тимови и е неефикасна.

А (не)културата на граѓаните, исто така влијае за нивната бавна реакција. За околу 2 милиони жители во функција се само 156 амбулантни возила, пренесува „Порталб.мк“.

Согласно Уредбата за итна медицинска помош, во Македонија, за 1 милион и 991 илјада жители, како што е наведено во уредбата, има 285 тимови, а би требало да има 303 тимови.

Здравствениот дом Скопје и домот во Тетово ја прекршуваат Уредбата, затоа што Скопје мора да има 64 тимови за Итна помош, а има само 45. Од друга страна, Тетово мора да има 21 тимови на итна помош, а има само 13.



Амбулантните возила се амортизирани и застарени

Покрај недоволниот број екипи, на неефикасноста на Службата за итна медицинска помош влијае и актуелната состојба на амбулантните возила. Повеќето од возилата на Итна помош се амортизирани и застарени. Имало случаи во кои поради тоа се загубени човечки животи.

Охридската Брза помош има возило со поминати 450 908 километри. Кичевското возило е „рекордер“ со поминати 1 360 000 километри. 

За да се надмине ова, Министерството за здравство вети замена на амбулантните возила врз основа на километражата, со што не се согласуваат автомеханичарите, бидејќи тие бараат замената на возила да биде врз основа на километражата за градовите надвор од Скопје, додека во Скопје, замената да се изврши врз основа на употребливоста, односно состојбата во која што е возилото.

За амортизацијата и староста на возилата на Итна помош алармираше и министерот за здравство, Венко Филипче, кој на 17 ноември минатата година кажа дека ќе бидат купени 12 амбулантни возила, за, како што рече, „да се подобри хаотичната состојба на оваа служба”.


Нови возила ќе бидат нарачани најдоцна до 4 април

Договор за набавка на 12 нови возила за Итна помош е потпишан договор на 7 декември минатата година, откако беше избрана најниската понуда во износ од 21.591.564 денари (351.000 евра). Едно амбулантно возило ќе чини 1.799.297 денари (29.250 евра), за половина поевтино од последните 70 возила кои беа набавени во 2012 година. Едно од возилата во 2012 година чинело 3.921.429 денари (63.760 евра).

Во практика, возилата и по два месеци од склучувањето на договорот, не се нарачани од компанијата што победи на тендерот на Министерството за здравство – „Аутомотив груп“. Рокот за испорака на возилата е 120 дена од денот на потпишувањето, односно истекува на 4 април годинава.

-Ние потпишавме тендер со Министерството за здравство, а тендерот предвидува датуми до кога ќе можеме да нарачаме возила. Возилата сè уште не сме ги нарачале – вели Симона Николовска, одговорна за маркетинг-секторот во “Автомoтив груп”.

Нема критериуми како ќе се распределуваат новите возила

Шест од 12-те нови амбулантни возила се планирани за Скопје, но никој не знае кој ќе ги добие другите, бидејќи не постојат јасни критериуми за распределба. Министерот Филипче рече дека нема конкретни критериуми за начинот на распределба на возилата, но директорите на Здравствените домови ќе бидат прашани за нивните потреби .

-Тоа ќе се прави врз основа на моменталната состојба на возилата кои сега ги има на располагање Итната помош. Да бидеме реални, постојат здравствени домови кои велат дека не ни требаат возила – изјави Филипче за „Порталб.мк“.

Нови возила треба да добијат здравствените домови кои имаат амортизирани и застарени амбулантни возила, но и таму каде што бројот на тимови и амбулантни возила не е соодветен на бројот на населението, како што случајот е со здравствените домови Кичево, Пробиштип, Тетово, Куманово, Гостивар , Велес и Дебар. Сите тие имаат поднесено барања за амбулантни возила, освен Тетово, од каде побарале само дополнителни тимови.

Охрид нема да добие ново возило. 

Целиот текст тука

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK