Пет05242019

Последна промена07:37:40 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се подготвува протест за незаконското градење на Алипашината џамија

Се подготвува протест за незаконското градење на Алипашината џамија

Сподели

Откако надлежните останаа глуви на бројните реакции на здружението „Совест“ и си ја префрлуваат вината едни на други, охриѓани најавуваат протест.

На социјалните мрежи веќе се организира масовен протест.

Од здружението Совест на Фејсбук ги повикуваат охриѓани да се придружат во достоинстевн протест преку испраќање на порака на фејсбук профилот на здружението. Од „Совест“ веќе две години јавно ги презентираат недостатоците во реконструкцијата на Алипашината џамија.

Без дозвола за градба се планира да се изгради 32 метри високо минаре, кое ќе ја наруши визурата на градот Охрид. Граѓаните немаат ништо против реставрацијата и заштитата на споменичното добро, но се јавно против превисоко минаре, кое ќе биде највисокиот објект во градот. После застој од една година, во февруари годинава продолжи незаконитата градба на минарето. Надлежните молчат и си ја префрлуваат вината едни на други.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK