Пет05242019

Последна промена07:37:40 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Минарето на Алипашината џамија ги „потпали“ меѓуверските односи

Минарето на Алипашината џамија ги „потпали“ меѓуверските односи

Сподели

Навреди, пцовки, клетви и закани  се дел од стотиците коментари на социјалната мрежа фејсбук под веста што Охриднет вчера ја објави за „Охриѓани ќе протестираат против нелегалната изградба на Алипашината џамија“.

Висината на минарето  ги „потпали“ меѓуверските односи. Муслиманите со фотографии ја „бранат“ изградбата, додека христијаните од друга страна, се против одбележување со верски симболи кои, ја менуваат визурата на градот. 

Се раскараа за крстовите по планините, за камбанариите во црквите итн. 

Оние потрезвените појаснуваат дека немаат ништо против обнова на минаре и реставрација на џамијата, која од 2014 е прогласена за значајно културо добро, туку само против превисокото минаре. 

Некои потсетија на неуспешниот обид за  обнова на црквата во струшкото  село Октиси во 2013 година. Тогаш муслиманите на повик на оџата со протести ги спречија христијаните да ја обноват црквата, иако за тоа имаа  градежна дозвола. 

За потсетување меѓуверскиот инцидент  се случи на 25 август 2013 година,  кога православните жители на селото  Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска веросиповест да постават камен темелник и да започнат  со  возобновување  на црквата “Свети  Димитрија”, за што имаа градежна дозвола.И според фотографии и документи во минатото на тоа место имало црква.

Вториот меѓуверски инцидент на кој вчера се потсетија граѓаните е  нелегалната изградба на џамијата во струшкото село Белица во 2011 година. 

На  археолошки локалитет без дозвола за градба со амин на струшкото муфтиство се изгради џамија. Ниту градежните инспектори, ниту ИВЗ, ниту МПЦ , ниту МВР никој не успеа да  ја спречи изградбата на џамијата. Наспроти сите, муслиманските верници на чело со муфтијата и струшкиот градоначалник  со оро и пукотници  си ја пуштија во употреба изградената џамија. 

Епилогот од двата инциденти е дека џамијата во Горна Белица постои, а црквата Свети Димитрија до ден денешен не е возобновена. 

Сево ова е доказ дека и  после долги години меѓуверските односи се премногу кревки, една мала искра може да предизвика пламен,  кој ќе опустоши и направи пепел. 

Затоа институциите се должни да ги преземат сите мерки  и да воведат ред па секој и ИВЗ и МПЦ да мора да ги почитуваат законите, а не под превезот на верата да им се прогледува низ прсти. 

Ви пренесуваме дел од коментарите од Фејсбук страната на Охриднет: 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK