Нед07212019

Последна промена10:58:49 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Трендафилов во посета на Велгошти

Трендафилов во посета на Велгошти

Сподели

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов-Нанче, заедно со претседателот на партијата, Петар Колев, и членови на Граѓанско Демократската Унија, денеска го посетија манастирот Св. Петка во Велгошти.


Нанче се сретна со голем број локални жители и разговараше со нив за основните проблеми со кои што се соочуваат.
Во разговорите Трендафилов истакна дека еден од основните негови приоритети е Општината да заживее, и освен традиционалниот , да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам. Трендафилов ги праша мештаните колку од предизборните ветувања на претходните градоначалници на Охрид за развојот на Велгошти се исполнети. Локалните луѓе изјавија дека како и секогаш тие што дошле до градоначалничката фотелја ветувале многу, но речиси ништо не исполниле.
Велгошти исто како и сите останати населени места во охридско е под ударите на „белата чума“.

Претседателот на ГДУ, Петар Колев ,се заблагодари за гостопримството на велгоштани и потсети дека време е за промена, а не за замена. Во разговорите ја побара нивната поддршка на 21 април масовно да го заокружат бројот 4 за Михаил Трендафилов- Нанче.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK