Пон10212019

Последна промена03:09:39 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Билјанини извори“ набави современа машина за чистење

„Билјанини извори“ набави современа машина за чистење

Сподели

Деновиве ЈП „Билјанини Извори“ се поднови со нова современа машина за чистење и одржување на паркет од фирмата „Клинфикс“ со одлични перфоманси за чистење, полирање и одржување на паркети и ламинатни подлоги. 

 

-„Ова е уште една скромна но многу значајна, од отварањето на салата прва од ваков тип, техничка инвестиција која во многу ќе го подобри и олесни досегашното одржување и чистење на паркетот при спортската сала.Целта е  подобрување на условите за нашите спортски корисници, спортските клубови и рекреативците, информираат од јавното претпријатие. 


ЈП „Билјанини Извори“ и во иднина планира да инвестира во подобрувањето и осовременувањето на техничката опрема при С.Р.Ц. "Билјанини Извори".

-ЈП „Билјанини Извори“ продолжува со планот за техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал при претпријатието кој е задолжен за одржување на постоечката спортска инфраструктура во Спортскиот центар.Веруваме на задоволство пред се на сите наши корисници но секако и на нашите вработени задолжени за одржување на спортската инфраструктура при центарот ќе продолжиме да инвестираме во посовремена инфраструктура“, велат од „Билјанини извори“. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK