Пон05202019

Последна промена10:05:34 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Милошески: Одберете напредок и резултати, а јас во мојот живот сум покажал дека можам и умеам да создавам

Милошески: Одберете напредок и резултати, а јас во мојот живот сум покажал дека можам и умеам да создавам

Сподели

Човек е успешен доколку е опкружен со среќни и задоволни луѓе, рече а рече Митре Милошески кандидат за градоачалник од ВМРО ДПМНЕ на завршната прес конференција.

 

-Целиот мој живот го посветив работејќи со луѓе, помагајќи да ја остварат својата среќа. Во животот се исправив пред уште еден предизвик, а тоа е можноста да помогнам на Охрид и охриѓани, нашиот град да биде поубаво место за живеење.Успехот е резултат на посветеноста, на одговорниот однос, на дисциплината, на знаењето, на вештините. Стремежот кон успех мора да е континуиран, само така се достигнува целта. Како човек што живее во Охрид, не се откажувам никогаш, се трудам да ги остварам целите, да ја оправдам довербата.Охрид мора да е убав. Охрид мора да функционира, рече Митре Милошески кандидат за грдоачалник од ВМРО ДПМНЕ. 

Градот мора да се развие, бизнисот да функционира, да има приходи и да има успеси.

-За градот, за секој еден во Охрид и Охридско.Зад програмата За убав Град која има прецизни рокови на реализација стои мојот збор и углед, а луѓето кои ме познаваат знаат дека тоа ми е најважно.

Одберете напредок и резултати, а јас во мојот живот сум покажал дека можам и умеам да создавам и правам добри дела. Овој пат заеднички да направиме добри дела за поубав Охрид, додаде Милошески.

 

Имаме сила. Верувам во вас, верувајте во мене. Ме знаете, се познаваме долго. Заеднички успех е поголем успех. Споделена радост е поголема радост. Со заеднички труд резултатите ќе бидат поголеми.

За нас, и за нашите деца на 21 април да го заокружиме бројот 5.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK