Пон05202019

Последна промена10:05:34 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФК Лабуништа со хуманитарен натпревар за својот голман Мартин

ФК Лабуништа со хуманитарен натпревар за својот голман Мартин

Сподели

ФК Лабуништа организира  хуманитарен натпревар за својот голман Мартин.

Дваесетидвегодишниот спортист  Мартин Стојаноски од струшкото село Дрслајца пред неколку месеци во тешка сообраќјна несреќа се здоби со тешки телесни повреди за што му се потребни средства за лекување во Русија. 

Мартин има повреди на р`бетниот столб и е врзан за инвалидска количка. Потребни му се 150 000 евра за лекување. 

За Мартин повторно да застане пред голот, неговиот тим  утре  сабота 26,04,2019 со сите сили ќе се обиде да извојува победа, но и да привлече што побројна публика. 

-„Ги повикувам сите хумани луге да дојдат да купат карта и да бидате дел од хуманитарниот натпревар во сабота. Сите да бидат во 16 ч на стадион во Струга заедно да помогнеме за лекување на нашиот Мартин“, вели директорката на клубот Ивана Лескароска. 

Ова е банкарска сметка за донации: 210-7000006495-51 NLB

новинар Соња Рилковска 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK