Пон10212019

Последна промена03:09:39 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охриѓани на протест против изградба на петтокатница

Охриѓани на протест против изградба на петтокатница

Сподели

Со натписи „Урбана мафија“ ,  денес против изградба на висококатница протестираа жителите на населбата „Билјанини извори“ на булеварот „Туристичка“.

Обвинуваат дека без правосилно одобрение за градба започнува изградба на петтокатница во дворно место на комплекс на станбени згради изградени  70 и 80 години.

Се уништува единственото зеленило во околината,  а воедно се нарушува секојдневното живеење на жителите во 1000 станбени  единици, се жалат граѓаните.

- „Ние имаме би рекол граѓанско право и правна основа да бараме да се спречи градбата на оваа зграда, бидејќи ова нема да биде зграда ва ќе биде гробница за нас жителите кои живеат овде во близина. Политичкиот човек го угнетува општествениот човек граѓанинот опасно е веќе да се живее во оваа држава нема институции демократски каде да се обратиме“, вели Никола Кркулев  револтиран станар.

Куќните совети на околните згради поднеле жалба до Вишиот Управен  суд и се уште чекаат одговор. Тие денес  побараа од градоначалникот на Охрид да ја стопира градбата.

- „Дали вие како голем љубител на природата ќе дозволите да бидете запаметен  по тоа што во вашето владеење се уништувани тревни површини, сечени, дрвја, со цел градење на бови објекти. Дали ќе дозволите на Вашите внуци  да им ја раскажувате приказната во која главен лик ќе бидете токму вие како градоначалник кој дозволил да се изградат овие бетонски изданија на местото каде некогаш имало убави паркови“, запраша Белинда Андоноска станар.

На протестот им се придружија и претставници на Охрид ЅОЅ  , кои алармираат дека непромислената урбанизација може Охрид  да го стави на листата загрозени градови од Унеско.

- „Вакви градежни објекти  го нарушуваат целиот концепт на поранешното живеење  освен што се уништува зеленилото кое што според закон треба да биде 30 тина квадратни метри по жител се уништуваат и доредени човечки слободи. Мислам дека сите овие градби оставаат негативна трага врз местото на Охрид во Унеско“, вели Трајче Талески од Охрид ЅОЅ.

Градоначалникот на Охрид  појасни дека станува збор за стар предмет. Урбанистички план за изградба на станбен објект  на приватен имот бил донесен во 2011 година. Против тој план имало своевремено жалба до Уставен суд но таа била одбиена. Во 2014 година биле платени комуналии за што во 2018 е добиено одобрение за градба.

- „Таму ма конечно одобрение з аградба ова е предмет кој е замрсен и од постар датум  мене ми е жал јас сочуствувам со станарите и со сите тие луѓе кои се засегнати со овој проблем меѓутоа тие реагирале кога се носел планот а нивнатаиницијатива е одбиена од Уставен суд и јас сега како градоначалник немам никакви методи да инвеститор кој платил комуналии го спречувам во градба“, појаснува градоначалникот Константин Георгиески.

Инвеститорот засега нема правосилно одбрение за градба,  бидејќи предметот е во Вишиот управен суд, се дотогаш не смее да гради, но има право да изведува подготвителни градежни работи на терен.

Во однос на протестот со рекација се јави и инвеститорот. Ја пренесуваме во целост:


-„Во врска со денешниот, не знаеме кој по ред, протес и прес, а против изградбата на станбен објект на КП.бр. 5551/4 КО Охрид 4 Ве известуваме за следното
- Катастарската парцела е приватна сопственост на повеќе сопственици.
- По барање на сопствениците од страна на Советот на општина Охрид е донесена Одлука под бр.07-1764/14 од 26.05.2011 г. со која им се одобрува на изградба на објект А2-станбена зграда со катност П+5ката+Пк, објект од втора категорија на градба на КП бр. 5551/4 КО Охрид 4, ГП бр. 8.3, согласно ДУП за дел од блок 8.1 опфат 2.
- Врз основа на ваквата Одлука донесено е од страна на Градоначалникот на општина Охрид, Одобрение за градење Бр. Уп 1-10-196 од 15.11.2017 г.
- Ова одобрение станало конечно на ден 04,07,2018 г. Што значи конечност на Одобрението, протестантите и активистите треба да знаат со оглед дека оваа конечност им овозможува врз основа на Закон да поднесат тужба за поништување на ова одобрение до Управниот суд на РМ.
Тужбата но и бараната привремена мерка од страна на Управниот суд е одбиена како неоснована. Незадоволни од ваквата Пресуда, протестантите или станарите од непосредното соседство но за жал и од далечното соседство кои немаат ама баш никаква врска со планираниот објект, поднесоа жалба до Вишиот Управен суд, од каде се очеувка одлука во последна инстанца.
- Во меѓувреме а согласно одредбите од Законот за градба и Законот за општа управна постапкаи по барање на инвеститорот до општина Охрид е побарано да се издаде Одобрение за подготвителни работи, кое е издадено под Бр. 20-1498 од 16.08.2018 г. и кое станало правосилно на ден 20.08.2018 г.
Што значи ова Одобрени , треба протестантите и активистите да знаат, ако не знаат нека се обратат до надлежните органи да им гои објаснат работите. накратко со ова Одобрение му се одобрува на инвеститорот да изведуваат подготвителни работи.
- Она што сега се работи на градежната парцела претставува подготвителни работи , а никако започнување со градба.
Секако дека во никој случај навредите од типот на урбана мафија, нема да ги простиме и ќе бараме законска сатисфакција, но не сакаме во овој момент да прејудицираме судски одлуки.
Но и да ја известиме и јавноста дека на ваков начин се загрозува и правото на приватна сопственост, со злоупотреба на медиуми и со пласирање на лажни информации.
Подготвителните работи ќе се одвиваат во согласност со правосилното одобрение за подготвителни работи“.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK