Пон05202019

Последна промена10:05:34 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Нанче си поднесе оставка од „Совест“

Нанче си поднесе оставка од „Совест“

Сподели

Претседателот на Здружението на граѓани „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче си поднесе оставка.

Оставката е во знак на морална одговорност заради фактот што и понатака нелегално се гради минарето на Али Пашината џамија,

Тој вели  разочарани се од непостапувањето на институциите од кои бараат спроведување на законот за нелегалната градба.


-„ Згрешивме сметајќи дека тие се оние кои кочат. За жал доцна сфативмe дека не е проблемот во непостапување на институциите туку во замешанноста на политиката. Бевме наивни го откажавме масовниот протест со цел мирно да поминат изборите. Додека очекувавме да завршат работите се прошири вест дека сме се испазариле за работите да продолжат. Смешно да не е тажно и срамно“, рече при тоа Нанче.

Нанче го потсети  премиерот Заев на неговото ветување дека лично ќе се заземе за решавање на овој горлив проблем на 5 мај, но помина и кампањата и ништо не презедоа.

-„ Од Градежниот инспекциски Совет нема одговор, а од Државниот градежен инспекторат добивме одговор дека немаат издадено налог за запирање на работите. На толку перфиден и циничен начин одговараат што е жално. Сите институции си ги знаат надлежностите, но се под некаков политичи притисок. Почна со Вмро, а завршува со СДСМ“, рече Нанче на денешната прес конференција.

Наместо 32 метарско минаре на  Али Пашината џамија, кое ќе ја нарушува визурата на градот Охрид на тоа место требаше  да се изгради Меморијален центар на културите.

Од Совест велат  ќе чекаат одлука од институциите а потоа ќе одлучат кои ќе бидат индите постапки во насока на спречување на нелегалната изградба на Алипашината џамија. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK