Пон05202019

Последна промена10:05:34 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ВМРО ДПМНЕ: Охриѓани го губат градот Охрид со новиот градоначалник

ВМРО ДПМНЕ: Охриѓани го губат градот Охрид со новиот градоначалник

Сподели

„Охрид со Константин и СДСМ за жал нема да се развива како што доликува и треба, затоа што немаат идеја, немаат визија и желба“.

Константин и СДСМ започнаа со сервисирање на фактурите за изборниот инжинеринг, а за жал граѓаните и градот Охрид се тие кои ќе губат“. Оваго , рече на прес конференција Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
- Првата фактура која што СДСМ и Константин ја сервисираат е премолчувањето и одобрувањето на незаконската изградба на минарето во чаршијата во строгиот центар на градот.Дали Константин и неговиот ментор Зоран Заев ќе го одржат дадениот збор од предизборието и ќе ги повикаат институциите да реагираат во врска со незаконската изградба на минарето, запрача Донев и продолжи: „ Секако дека не. Ниту Зоран Заев кој замина на неколкудневен одмор, ниту Константин ги нема да реагираат и да ги повикаат институциите, затоа што незаконската изградба на минарето во строгиот центар е дел од ненародниот договор кој го склучија Зоран Заев и Константин, а за возврат Константин да стане градоначалник на Охрид. Овие трговци и сценаристи на изборниот инжинеринг играат на картата на кратко помнење и ги навредуваат и потценуваат охриѓани“.
- Доколку Константин има малку совест и му значат Охрид и охриѓани, без разлика на притисоците, уцените и изборниот инжинеринг кој го извршија на денот на гласање, веднаш треба да ја прекине незаконската изградба на градбата, беше кажано на денешниот прес на ОК ВМРО ДПМНЕ.
„Го повикуваме Константин, а ги повикуваме и институциите, во најбрз можен рок да реагираат и да се спречи незаконската градба и лошата пракса за градење во Охрид која ја воспостави СДСМ со своите советници.Секој оној кој ќе се одважи да спречи изградба на ваков нелегален објект ќе ја има нашата поддршка во тоа.Се останато, ќе биде дефокус од граѓаните и зелено светло за урбаната мафија и дивеењето на незаконското градење во општина Охрид“, беше порачано од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид на денешната прес конференција.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK