Чет12122019

Последна промена07:43:14 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Познати се победниците и наградените на „Детски семафор“ 2019

Познати се победниците и наградените на „Детски семафор“ 2019

Сподели

Денеска се одржа Општинскиот „Детски семафор“. Учениците од „Кочо Рацин“ екипни победници.

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, денеска, согласно програмата за работа, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, заедно со учениците од основните училишта од Охрид, ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација "Детски семафор".
На Општинскиот натпревар "Детски семафор 2019" што се одржа во основното училиште „Христо Узунов“, првото место го освои и севкупен екипен победник е тимот на основното училиште „Кочо Рацин“ со освоени 84,1 поени, на второто место е тимот ученици од основното училиште „Св.Климент Охридски“ со освоени 76,8 поени и на третото место се учениците од основното училиште „Христо Узунов“ со освоени 73,3 поени. Екипата на „Кочо РАцин“ ќе ја претставува општина Охрид на Републичкиот натпревар „Детски семафор“ што ќе се одржи во Скопје.
Од поеднинечните пласмани, резултатите се следни:
Прво место во машка конкуренција освои МАртин Димитриески од „Кочо Рацин“ со освоени 91 поени, а во женска конкуренција првото место го освои Стефанија Димоска со освоени 89 поени. Тие се добитници на велосипеди. На второ место во машка и женска конкуренција се пласираа: Владимир Јованоски од „Кочо Рацин“ и Михаела Бабачева од „Св.Климент Охридски“. Третото место во машка и женска конкуренција им припадна на учениците Андреј Маркоски и Ана Стефаноска.Ним како награди им беа доделени заштитни велосипедски шлемови.Наградите им беа врачени од претседателката на Советот при општина Охрид Живка Ангелоска и од Претседателот на Советот за безбедност во сообраќајот на Охрид м-р Стефан Димоски.
- Целта на Општинската сообраќајно-воспитна манифестација "Детски семафор" е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот, изјави претседателот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид м-р Стефан Димоски.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK