Сре07172019

Последна промена02:17:22 PM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Бурата Андреа носи дожд, грмежи, ветер и поплави

Бурата Андреа носи дожд, грмежи, ветер и поплави

Сподели

Со денови метеролозите предвидуваат дека доаѓа циклонот Андреа кој ќе донесе голема бура во змејава и регионот.

 

Со предупредување излегоа и Управата за хидрометеролошки работи и министерството за земјоделие.

Најгласен во предвидувањата е стружанецот Славчо Попоски.

-„Поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер, град, поплави и опасност дури и од торнада со себе носи бурата АНДРЕА која особено од денес и тоа како ќе влијае на времето кај нас и во регионот. Локално се очекува во текот на следните часови да наврнат и над 100 л.м2 воден талог а на некои места дури и над 150 л/м2 со што растат условите за локални поплавувања како и за зголемување на нивоата на реките и езерата и локално нивно излевање, се очекува и нестабилна облачност проследена со интензивни поројни врнежи, силни грмежи, силен ветер и појава на град додека во делови од регионот и тоа особено во соседна Србија како и во Босна и Херцеговина но и во Хрватска има услови и за формирање на суперќелии односно олујни системи кој би можеле да условат и формирање на торнадо.

Поради значителниот пад на температурите повторно на високите места се очекуваат врнежите од дожд да поминат во врнежи од снег со што се очекува и формирање на нова снежна покривка, снег на највисоките планински места се очекува и во државава и тоа особено на запад и на северозапад. Во Македонија пак локално се очекува да наврнат од 50 до 100 л/м2 воден талог со што растат условите за поплавувања, особено вакво огромно количество на воден талог се очекува во западната половина од државава“, предупредува Попоски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK