Вто11122019

Последна промена10:09:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Нова авио линија Загреб Охрид во 2020

Нова авио линија Загреб Охрид во 2020

Сподели

Зголемениот интерес за нашата земја и полните летови на релација Загреб-Скопје, како и медиумската кампања и целокупната промоција на домашниот туристички потенцијал во Хрватска на кој АППТ работи во изминатиот период, се силни показатели за веќе созреаните услови и отпочнување на сериозни преговори за нова авионска линија Загреб –Охрид во 2020 година.

Но, ова се само дел од причините за посета на Република Северна Македонија од страна на 10 медиумски куќи, 10 тур оператори и 7 претставици на Кроациа Ерлајнс, кои во наредните три дена ќе бидат на информативно патување низ државава за време на кое ќе се снимаат репортажи на повеќе туристички локации и ќе се остварат бизнис средби со македонскиот приватен туристички сектор.

 

-„За време на нивниот престој од три дена, предвидена е посета на Скопје, старата скопска чаршија со сите нејзини карактеристични обележја, скопската тврдина Кале, Кањон Матка, спомен куќата на Мајка Тереза, манастирот Св. Јован Бигорски, Охрид со неговото културно и природно богатство и други останати уникатни знаменитости, атрактивни за хрватскиот туристички пазар“, информираат од АППТ.

 

РТЛ, Вечерњи лист, Јутарњи лист, Пословни дневник, Т портал, Национал, Хина, Н1 и Глориа Ин, покрај Скопје, Охрид, Крушево, Битола и Тиквешијата, преку својот објектив ќе се обидат на хрватскиот пазар да ја претстават културата, историјата, традицијата, храната и македонското гостопримство. Од друга страна, хрватските тур-оператори Уликс, Глобтоур, Етоурс, Обзор, Атлас, Марине Ер, Авио Клуб Травел, Лила, Унилајн и Бантел, на бизнис средби во Скопје и Охрид, ќе ги оценуваат потенцијалите за отпочнување соработка со голем број на македонски тур-оператори.

 

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) е организатор на ова информативно патување кое ја помага промоцијата на нашата земја со цел зголемување на бројот на туристи од Хрватска, земја во која оваа Република Северна Македонија беше во улога на партнер-земја на интернационалниот саем за туризам во Загреб, Хрватска.

 

-„Со отпочнување на нови авионски линии од Хрватска се очекува да допатуваат зголемен број на хрватски туристи, кои ќе го задржат и дополнително покачат бројот на ноќевања (пораст во 2018та, за разлика од 2017та година од 56%), но и на бројот на туристи од овој пазар кој во 2018та бележеше покачување од 53% за разлика од 2017та година.

На заедничко задоволство и со заеднички интерес за развој на туризмот во Македонија, ова информативно патување се реализира во соработка со Министерство за економија и Кроациа Ерлајнс“, информираат од АППТ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK